Сервисниот оддел врши редовни технички проверки на инсталираните апарати, нивно периодично одржување, како и поправка на настанатите дефекти, за што користи исклучиво оригинални резервни делови, со што се гарантира квалитетот и долготрајната употреба на инсталираните апарати.

Во рамките на претставништвото е сместен и сервисот за медицинска опрема кој располага со високо софистицирана мерна опрема и алат, како и магацин со резервни делови и потрошни материјали за повеќето медицински апарати како би се овозможила навремена и квалитетна услуга.

Сервисните инжињери редовно посетуваат обуки во странство преку кои постојано ги обновуваат и усовршуваат своите знаења и вештини, и за тоа располагаат со соодветни меѓународно признати сертификати.

Сервисер

Контактирајте не и закажете сервис.

Со редовната проверка на медицинските апарати се продолжува функционалноста на самите апарати. Не двоумете се и контактирајте не уште денес.