Винора ДООЕЛ е позната како фирма која се занимава со продажба на високо квалитетна медицинска опрема а воедно го покрива и сервисот на истите. Исто така, фирмата опфаќа и дел од стерилизација како и монтажа на медицински технички гасови. Со својата дејност на дејствување, фирамата нуди опрема во доменот на анестезија, респираторна поддршка, целосно опремување на операциони сали, опрема за оддели на неонаталогија, стерилизација и инсталација на медицински гасови. Винора со својата програма е исто така ориентирана на клиентите да им понуди комплетно решение за опремување на болници. Таа е водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата.