Кои сме ние?

За Нас

Винора ДООЕЛ е компанија основана во 1997 година во Скопје која преку своето долгогодишно
работење и искуство постојано нуди нови решенија за опремување на болници и го подобрува
квалитетот на работите и услугите кои ги нуди.


Врвната услуга

е Наш приоритет

Продадени над 34 000

Медицински апарати

11 Вработени
25 Години

искуство

Дозволете ни да ви се претставиме

Што ви нуди ВИНОРА?

Винора ДООЕЛ е позната како фирма која се занимава со продажба на високо квалитетна медицинска опрема а воедно го покрива и сервисот на истите. Исто така, фирмата опфаќа и дел од стерилизација како и монтажа на медицински технички гасови. Со својата дејност на дејствување, фирамата нуди опрема во доменот на анестезија, респираторна поддршка, целосно опремување на операциони сали, опрема за оддели на неонаталогија, стерилизација и инсталација на медицински гасови. Винора со својата програма е исто така ориентирана на клиентите да им понуди комплетно решение за опремување на болници. Таа е водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата.

Како започна се..

Назад низ годините

Во изминатите 15 години има понудено голем број комплетни решенија за изведба на вакви системи со што останува и понатаму лидер на пазарот во оваа област. Фирмата е лоцирана во непосредна близина на Клиничкиот Центар Скопје и Министерството за Здравство. Во Винора работат 11 лица од кои 5 лица го сочинуваат стручниот тим на обучени сервисни инжињери и монтери оспособени за инсталација на медицински технички гасови. Со своето долгогодишно искуство и својот стручен кадар, ВИНОРА целосно ја покрива сервисната поддршка за опремата за кој е официјален и единствен застапник на територијата на нашата земја.