Atlan® A350/A350 XL

Замислете ја флексибилноста да имате една платформа на апарат за анестезија со висока безбедност во секое операционо поле. Сеопфатниот сет на клинички карактеристики и докажаниот квалитет на вентилација го прави Atlan идеална работна единица за анестезија за сите пациенти и кај сите хируршки процедури.

Лесен и практичен за ракување со стандардизиран кориснички интерфејс и номенклатура која е  имплементирана и во многу Dräger апарати низ операционите сали и единицата за интензивно лекување.

Без алат и со брзо расклопување на системот за дишење, дизајниран за ефикасно и лесно чистење и дезинфекција. Поседува загреан систем за дишење, оптимизиран за Low и Minimal Flow анестезија.

Засилените безбедносни функции овозможуваат рачна контрола особено во итни ситуации. Mоже да биде во две различни верзии со големина на количката/тролито за да ги задоволи потребите на различни операциони сали.

Безбедност на пациентот

ATLAN нуди широк спектар на функционалности кои помагаат да се направи процесот на анестезија побезбеден за пациентите и за клиничкиот персонал. Прво, приспособливите изгледи на екранот во комбинација со мониторингот обезбедуваат брзо и лесно толкување на параметрите на пациентот токму онака како што ви е потребно.

Безбедносните карактеристики RFID помагаат да се избегне неправилно поврзување на цревата на уредот за дишење на апаратот за анестезија до неможност за вентилација на пациентот. Тие исто така ве потсетуваат на време да ги замените додатоците кои се со кратот роки треба да се заменат. Smart safety backups, како што е backup manual mode, обезбедуваат резервна безбедност во критични ситуации, обезбедувајќи целосна контрола врз системот во секое време.

Заштита на белите дробови

Пристапите за периоперативна вентилација за заштита на белите дробови е докажанo дека го намалуваат ризикот за постоперативни белодробни компликации. Atlan нуди бројни функции за поддршка на анестезиологот за заштита на белите дробови на пациентот за време на операцијата. Меѓу другото, перформансите на вентилација слични на ICU доаѓаат како A стандард, вклучително и прецизна испорака на волумен (дури и независно од протокот на свеж гас), активен PEEP и висока чувствителност на активирањето за спонтано дишење. Atlan, исто така, поддржува сигурна и ефикасна примена на анестезија со низок и минимален проток со користење на неговиот Економетар за да го освести корисникот за дефицитот на протокот на свеж гас и како и за вишоците на свеж гас.

Последно, но не и најмалку важно, Atlan доаѓа со загреан систем за дишење за да се намали кондензацијата во дишното коло.

БЕНЕФИТИ

Превенција од инфекции

Atlan е дизајниран така да може лесно да се дојде до расклопување на системот за дишење без алат. Поседува мазни и заоблени површини кои го олеснуваат процесот на чистење и ја подобруваат усогласеноста со чистењето по стандардите кои тоа го налагаат. Направен е материјал кој ги издржува стандардните процедури за чистење и не дозволува нагризување на самите површини. Покрај тоа, широкиот опсег на тестирани потрошни материјали Dräger обезбедуваат ефективен начин за понатамошно олеснување во превенција од инфекција, истовремено обезбедувајќи најдобри перформанси на вашатa ATLAN анестезиолошка работна единица.

Поврзувачка технологија

Континуираното, мрежно следење со Dräger Infinity® Acute Care System (IACS) овозможува непрекинат надзор на пациентот со прилагоден, добро организиран поглед на релевантните параметри. Податоците можат да континуирано да се префрлаат во болничкиот информациски систем (ХИС).

Технологијата РФИД обезбедува напредни безбедносни карактеристики како аларм на погрешно поврзани црева за дишење (контрола на неусогласеност) и аларми по истекување на критичните додатоци, како што се канистри со сода вар и филтери со вода.+

Сајбер безбедност

Сајбер-нападите се зголемена закана за болниците кои негативно влијаат на негата и финансиите на болниците.

Ние во Dräger се стремиме да ги вградиме најдобрите практики за сајбер безбедност длабоко во нашиот развојни процеси. Ние соработуваме со водечки експерти за безбедност за да ги опремиме нашите уреди со најдобра заштита.

Независни безбедносни експерти спроведуваат професионални тестови за пенетрација и експерти за внатрешна безбедност, проценки на ранливост и анализи на закани каде што е применливо. Нашиот тим за безбедност на производи проценува нови закани и навремено објавува корисни совети на клиентот за заштита од истите.

Сеопфатни услуги

Услуги за целосниот животен циклус на производот – Dräger нуди широк спектар на сервисни решенија. Како дизајнер и производител на висококвалитетна медицинска опрема, имаме ексклузивно знаење, искуство и вештини за инсталирање и одржување на вашита Dräger опрема.

Ние во Dräger сме посветени да обезбедиме услуги приспособени на специфичните потреби на вашата болница со цел најдобро да ги поддржиме вашите напори да ги зголемите клиничките резултати како и да ги постигнете вашите деловни цели.

Затоа, нашата понуда оди подалеку од класичното одржување на апаратурата. Таа опфаќа сеопфатна услуги пред, за време и по инсталирањето на вашите купена опрема:

‒ Услуги за производи: т.е. одржување на апаратурата

‒ Стручна служба: на пр. ИТ консалтинг и системска интеграција

‒ Обука за нашите производи и апаратура: на пр. обука во нашето претставништво во Германија, како и online обуки со симулација на апаратурата.