VISTA 120

Пациент мониторот Vista 120 претставува потполно интегрирано решение кое подржува возрасни, педијатриски и неонатални пациенти во различни окружувања на нега –интензивна нега, оперативни одделенија, ургентни центри и неонатална интензивна нега.

Мониторот има можности за поврзување со комплементарни Дрегер апарати како што се респиратори или апарати за анестезија , што овозможува вистински интегрирана функционалност на работната станица.

Vista 120 прикажува 13 бранови облици во лесно приспособлив распоред за следење на основните параметри како што се: ЕКГ со 3/5 водови, неинвазивен крвен притисок, респирација и двострана температура. Во дел од моделите достапни се напредни параметри вклучувајќи три инвазивни крвни притисоци,следење на etCO2 и минутен волумен на срце. Корисниците може да додадат и надворешни модули како што се: SCIO, CO2 i BIS.

Vista 120 е лесен за употреба и учење. Екранот може да се прилагоди за да ги прикажува потребните податоци во форма во која сакате да ги видите. Содржи копчиња за брз пристап и поедноставено мени кои го прави користењето брзо и ефикасно.

Следење на ниво на свест со помош на флексибилно мерење на биспектралниот индекс (BIS)

Vista 120 овозможува мерење на BISx за подршка на лекарите за подобри информации во тек на пратење на длабочината на анестезија. Овозможува подобра процена на статусот на пациентот и брзо реагирање на променетите состојби.

Централна станица за мониторинг Vista 120

Централната станица за мониторинг (CMS) Vista 120 овозможува едноставно централно следење на виталните параметри до 64 пациенти поврзани преку мониторите Vista 120, Vista 120 S и Vista 120 SC. Овој начин на следење го олеснува работниот процес на здравствените работници , а истовремено ја зголемува безбедноста на пациентите.